Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласМајмун ја прекинал електричната енергија низ цела Кенија

Мајмун ја прекинал електричната енергија низ цела Кенија

Мајмун во Кенија предизвикал голема материјална штета откако паднал на трансформатор во хидроелектраната „Гитару“, објавила кениската електроенергетска компанија „Кен Ген“.

Мајмунот предизвикал голема хаварија, поради што без струја останала речиси целата територија на Кенија.

Кениската електроенергетска компанија „КенГен”, која е најголем производител на електрична енергија во источна Африка, соопшти дека мајмнот предизвикал технички дефект и „пад” на 180 мегаватната мрежа.

Компанијата подоцна на Фејсбук објавиле дека ја преживела оваа авантура, а за него сега ќе се грижи организација за заштита на дивите животни.

Во соопштението не се потенцира каква била судбината на невнимателниот мајмун.