Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕВН: Нема последици врз енергетската мрежа

ЕВН: Нема последици врз енергетската мрежа

Кратко по силниот земјотрес попладнево дојде до прекин на енергична енергија во повеќе општини од централното градско подрачје на Скопје, како и во регионот на епицентарот во селата под Скопска Црна Гора. Од ЕВН потврдуваат дека екипите се испратени на терен и освен мали оштетувања на бетонски столбови енергетската мрежа е стабилна и сите ќе имаат снабдување со електрична енергија.

atanas-kovacevski

„По земјотресот кој го погоди Скопје веднаше реагираа заштитните системи на трансформаторите кои имаат напон од 10 киловолти со што снема струја во повеќе области. Трафостаниците кои се управуваат далеченски веднаш беа вклучени и вратени во употреба од страна на ЕВН, додека пак останатите кои треба да се вклучат рачно веќе се упатени екипи кои ќе работат на терен. Според првичната визуелна слика нема никакви оштетувања на енергетската мрежа, освен во реонот на епицентарот каде има мали оштетувања на бетонските столбови, но екипите и таму се упатуваат и штетите веднаш ќе бидат санирани“, изјави Атанас Ковачевски, од секторот за односи со јавност на ЕВН.