Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеТри улици во Центар утре ќе останат без вода

Три улици во Центар утре ќе останат без вода

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот ќе имаат корисниците од ул.„Никола Вапцаров“ и „8 Ударна бригада“ во Центар.

РЦУК по известување од ЈП Водовод и канализација Скопје соопшти дека прекинот во водоснабдувањето е поради изведување на приклучок од Ф-300мм на ул.„Никола Вапцаров“ бб.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до изведување на приклучокот.