Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЛовци на богатство најдоа вредно злато од потонат бројд

Ловци на богатство најдоа вредно злато од потонат бројд

Семејството Шмит кое со години нурка во длабочините на Атлантикот конечно пронајде вреден плен на злато од потонат шпански брод кој потекнува од 1715 година. Нивниот улов вреди речиси 1 милион долари и пронајдени се пеесетина златни монети од 18-ти век, како и голема количина на златни предмети и украси.

Според законите на Флорида каде оперираат ловците на богатство државата има право на 20 проценти од пронајдените предмети и дел од нив ќе бидат поставени во музеј, а останатиот дел од профитот ќе биде поделен меѓу семејството Шмит и компанијата Queens Jewels LLC која има концесија за истражување на морското дно.