Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЖител од Кичевско олеснат за 30.000 евра

Жител од Кичевско олеснат за 30.000 евра

Непознат сторител извршил тешка кражба и од куќа во село Арангел, кичевско украл евра, швајцарски франци и злато, со што направил штета од околу 30.000 евра. По кражбата побегнал во непознат правец.

Тешката кражба била пријавена вчера околу 10.30 часот во полициско одделение Осломеј. Според пријавата, во куќата сопственост на С.А. (59) непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот влегол внатре и одзел 15.000 евра, 2.550 швајцарски франци и поголема количина златен накит, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 евра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.