Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТурските власти трагаат по 18 тони злато кое му припаѓало на Ѓулен

Турските власти трагаат по 18 тони злато кое му припаѓало на Ѓулен

Во Мармарис, турските власти трагаат по 18 тони злато, за кое се претпоставува дека може да е закопано пред локалниот хотел, поврзан со заедницата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, пишува „Дејли сабах“.

Хотелот „Ангелски полуостров“ е меѓу ретките хотели во регионот за Халал туризам, чии сопственици, наводно, се поврзани со терористочката организација на Ѓулен (ФЕТО), а за управување со бизнисот се поставени синдици. Се смета дека во просторот пред хотелот може да се закопани 18 тони злато, пренесува БТА. Во потврдата на гласините се потсетува дека Акин Ипек, сопственикот на холдингот „Коза-Ипек“, кој исто така е поврзан со Ѓулен, поседува златни прачки, а златото можеби е закопано за да не биде конфискувано од државата.

За да се проверат тврдењата, властите започнаа со ископување. При засилени мерки за безбедност екипа на Турското јаглено претпријатие копаат во реонот, кој е отцепен.

Властите не потврдија дека во просторот пред хотелот, всушност се бара злато.

Акин Ипек, познатиот бранител на движењето на Ѓулен, е обвинет дека ја финансирал ФЕТО со огромна сума.

Минатата година, турските власти издадоа потерница за Ипек, но тој успеа да избега во странство, пред да биде фатен.