Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЛондон не ја дава фунтата за спас на Грција

Лондон не ја дава фунтата за спас на Грција

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн ќе се обиде да блокира каков било обид на Европската унија да ја вклучи британската фунта во новата програма за финансиска помош за Грција.

Озборн нагласи дека неговата земја не сака да учествува во рефинансирањето на Грција. Тој ова го изјавил во телефонски разговори со неговите колеги пред денешната средба на Еврогрупата во Брисел, пишува весникот „Фајненшл тамс“.

– Колегите од еврозоната добија силна и јасна порака, која гласи дека не е прифатливо да се промени во овој случај британската позиција во однос на европските програми за финансиска помош, посочи извор од британското Министерство за финансии.

– Идејата британските даночни обврзници да придонесуваат за таа спогодба со Грција е уште отсега осудена на пропаст, изјави истиот извор.