Sunday, May 5, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈЛОИ Рио: Се уште не започнати а веќе е соборен првиот светски рекорд

ЛОИ Рио: Се уште не започнати а веќе е соборен првиот светски рекорд

Иако Олимпијадата официјално не е отворена, Јужнокореецот Ким Ву-Џин, светски шампион во стреличарство го постави првиот светски рекорд на Олимпијадата.

Во денешните квалификации Ким оствари резултат со 700 погодени кругови од 72 стрели, што претставува нов светски и олимписки рекорд во оваа дисциплина, со што тој се наметна како главен фаворит за златниот медал.

rio-prv-rekord

Негов главен конкурент ќе биде Американецот Бредли Елисон, кој имаше послаб резултат за само 10 кругови.

Финалните натпревари ќе се одржат на првиот официјален ден на Игрите.