Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиРио 2016: Одбојкарките на Србија и Кина ќе се борат за олимпиското злато

Рио 2016: Одбојкарките на Србија и Кина ќе се борат за олимпиското злато

Одбојкарките на Србија и Кина ќе се борат за олимпиското златото во Рио. Репрезентација на Србија направи големо изненадување на олимпискиот турнир, откако во четвртфиналето ја елиминираа Русија, актуелниот европски шампион, а во полуфиналето беа подобри од светскиот првак репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.

chinao dbojka

Во неизвесен полуфинален меч Србија славеше над САД со 3:2 (по сетови 20-25, 25-17, 25-21, 16-25, 15-13).

Противничките на Србинките во финалето, одбојкарките на Кина, во вториот полуфинален меч беa подобри од Холандија со 3:1 (по сетови 27-25, 23-25, 29-27, 25-23).

Утре од 18 часот Американките и Холаѓанките ќе го играат мечот за бронзениот медал, а финалето меѓу Србија и Кина е во недела во 3 часот и 15 минути по полноќ.