Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈ(Фото) Запросување на Олимпијадата во Рио: Сребро на градите и злато на прстот за натпреварувачка од Кина

(Фото) Запросување на Олимпијадата во Рио: Сребро на градите и злато на прстот за натпреварувачка од Кина

Олимпијадата донесе многу важни медали во рацете на учесниците, но пливачка од Кина покрај сребрен медал, доби и прекрасен подарок – веренички прстен.

zaprosuvanje Rio 2

Имено, oлимпијката Хе Зи освои сребрен медал за скок во вода од три метри и беше пријатно шокирана кога нејзиниот долгогодишен партнер Ќин Кај, кој исто така е олимпиец на Кина во скокови во вода, ја побара за жена на подиумот среде Олимпијадата.

„Не знаев дека ќе ме побара денеска. Не очекував дека ќе се мажам толку рано“, рече Зи, која заплака од среќа и го прифати дијамантскиот свршенички прстен.

zaprosuvanje Rio1

Хе Зи и Ќин Кај се состанувале шест години пред да им се пружи можност заедно да учествуваат на Летните Олимписки игри во Рио де Жанеиро. Оваа Олимпијада дефинитивно уште долго ќе ја паметат.