Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛиса Шаќири: Дода јавно да се извини, ние одамна одлучивме каква држава сакаме

Лиса Шаќири: Дода јавно да се извини, ние одамна одлучивме каква држава сакаме

Правничката Лиса Баута Шаќири преку својот профил и порача да албанската пратеничка Месила Дода дека таа не ги застапува Албанците во Македонија и дека треба јавно да се извини за изјавата дадена во Дебар, дека „Македонија не постои и дека е стара албанска покраина Илирида.

„Да ја потсетам госпоѓата Дода дека во Македонија никој не гласал за неа и затоа нема право да зборува во име на Албанците во Македонија. Исто така, сакам да ја известам дека ние веќе одамна сме одлучиле каква држава сакаме, и дека нејзината реторика е страшно дебилна, поготово во време на политичка и меѓуетничка криза. Ја повикувам јавно да се извини за овој дипломатски скандал! Јас се оградувам од нејзината изјава и очекувам истото да го направат и сите лидери на албанските партии во Македонија“, вели Лиса, правник и сопруга на пејачот Бени Шаќири.