Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛестер го повикува „принцот на Рома“

Лестер го повикува „принцот на Рома“

Getty Images

Лестер Сити, Њујорк Космос и уште неколку клубови од Кина и Соединетите Арапски Емирати, имаат желба во своите редови да го донесат капитенот на Рома Франческо Тоти. Договорот на Тоти со клубот во кој е уште од самиот почеток на својата кариера му истекува на крајот на оваа сезона, а во овој момент шансите дека договорот ќе биде продолжен се многу мали.

Поради тоа легендарниот фудбалер моментално има две опции, односно или ќе ја напушти Рома или ќе оди во пензија и ќе добие одредена позиција во управата на клубот. Според одредени шпекулации пак, менаџерот на Лестер Сити Клаудио Раниери веќе разговарал со Тоти за негов потенцијален трансфер во Лестер, а се верува и дека Њујор Космос испратил понуда за легендарниот фудбалер на Рома.