Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛегендата Пирло го напушти Калчото – Ќе заигра „сокер“

Легендата Пирло го напушти Калчото – Ќе заигра „сокер“

Андреа Пирло, еден од најдобрите италијански фудбалери во последните 10 години конечно го напушти Калчото и екипата на Јувентус со која освои неколку трофеи. Мајсторот на средниот ред веќе во поодмината возраст нема да застане тука и ќе продолжи да игра, овој пат во земјата каде фудбалот добива се поголемо внимание.

Пирло ќе продолжи во Њујорк Сити во Американската „сокер“ лига, а таму ќе им се придружи на европјаните Давид Виља и Френк Лампард. Пирло претходно се прослави и во екипата на Милан, а блескави партии прикажа и во селекцијата на Италија со која стана и светски шампион.