Friday, May 10, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛегендарниот Паоло Малдини откри кои се најдобрите дефанзивци во светот!

Легендарниот Паоло Малдини откри кои се најдобрите дефанзивци во светот!

Кога ќе се спомене името на Паоло Малдини веднаш асоцира на Милан, на италијансиот фудбал, на еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот.

Тоа е навистана така зошто Малдини целата своја клупска кариера им ја посвети на „росонерите“, играше редовно за „аѕурите“, а со тоа го заслужи својот статус на икона на европскиот и светскиот фудбал.

Кога е во прашање одбраната Паоло е вистински експерт и кога тој ќе посочи одредени играчи тоа значи многу, односно има голема тежина. Имено Малдини го кажа својот став и посочи кои играчи за негов се број еден кога е во прашање одбраната во денешниот фудбал.

Неговиот избор се Серхио Рамос од Реал Мадрид и Тијаго Силва од ПСЖ.

-Рамос е многу добар, но понекогаш заборава на одбраната. Меѓутоа тој е одличен играч, има вештини и знае да дава голови. Исто го сакам Силва кој игра во ПСЖ, ама ние во Италија не го гледаме често зошто не ги пратиме мечевите од Франција, ама го паметам него кога беше во Милан, -посочил Малдини.

Извор: derbi.mk