Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛДП: Со недавањето на мандатот, Иванов се наметна како фактор на нестабилност

ЛДП: Со недавањето на мандатот, Иванов се наметна како фактор на нестабилност

Со недавањето на мандатот за формирање влада на јасно изразено мнозинство во Собранието, Иванов се наметна како фактор на нестабилност, велат од Либерално-демократската партија (ЛДП).

Портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ, денеска на прес-конференција истакна дека Иванов веќе втор мандат покажува дека не само што не е дораснат на функцијата претседател, туку раководејќи од тоа место, тој претставува безбедносен ризик, како за Македонија и за нејзините граѓани, така и за регионот.

Тој нагласи дека ЛДП, како дел од новата власт, ќе се залага наредниот претседател на државата да се избира со двотретинско мнозинство во Собранието.

– Ние од ЛДП цврсто веруваме дека Иванов е една од најголемите грешки на македонските гласачи во поновата македонска политичка историја. Меѓутоа, случајот со Иванов ни покажува дека Македонија ќе мора да го менува не само Иванов како актуелен претседател, туку воопшто и системот на избор за оваа државна функција – рече Јаневиќ.

Придружете ни се Facebook >
Тој порача дека изборот на претседател со двотретинско мнозинство во Собранието, ќе овозможи да има функционална институција – претседател „од која ќе се очекува да носи државнички одлуки во интерес на националните интереси, а не да биде предводник во кршењето на уставниот поредок“.