Friday, May 17, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛДП: Повикуваме на зрелост за брз трансфер на власта

ЛДП: Повикуваме на зрелост за брз трансфер на власта

Либерално-демократската партија денеска ги повика сите политички субјекти и институции во Македонија да покажат зрелост и да се изврши брз и мирен трансфер на власта.

„Процесот на формирање на ново парламентарно мнозинство мора да биде поврзан со формирањето на нова влада во Македонија и тоа што е можно побрзо. Демократските процеси во државата мора да продолжат. Сите заеднички мора да се посветиме на формирање нова реформска влада, чиј приоритет ќе бидат заздравувањето на економијата и европската агенда, а не национализмот, поделбите по етничка и партиска припадност“, стои во соопштението од ЛДП.

Од партијата истакнувааат дека после изборите на 11 декември граѓаните посакаа промени, реформи, подобар животен стандард, но и стабилна, евроатлантска перспектива на Македонија.