Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЛажна дојава за бомба на аеродромот Тесла

Лажна дојава за бомба на аеродромот Тесла

Дојавата за подметната бомба на аеродромот Никола Тесла во Белград беше лажна, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Како што јави ТАНЈУГ, по полициската проверка на аеродромот утврдено е дека дојавата е лажна.

За време на полициската проверка авиосообраќајот на белградскиот аеродром се одвиваше нормално, по утврден ред на летање.