Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКукан, Вајгел и Флекенштајн го осудија однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот

Кукан, Вајгел и Флекенштајн го осудија однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот

Европратениците Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгел денеска преку заедничко соопштение го осудија однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

„Не гледаме оправдување за тактиките за одложување кои во Собранието се користат за одложување на назначувањето на претседател на Парламентот и за одложувањето на формирањето влада“, стои во заедничката изјава издадена по средбата шефот на македонската дипломатија во заминување Никола Попоски во Стразбур

Европратениците наведуваат дека ги поддржуваат сите напори за надминување на политичката криза и дека напорно работеле за ја поддржат европската перспектива на македонистките граѓани.

„ голема загриженост гледаме дека кризата неоправдано се пролонгира, со што се зголемуваат последиците за земјата, а се влошуваат и меѓуетничките односи. Гласањето на Извештајот за Македонија за 2016 година два пати се одложува како директна последица на несигурноста во земјата, а на вечерашната пленарна седница на Европскиот парламент ќе дебатираме за ситуацијата. И покрај тоа, ние силно веруваме дека ситуацијата во земјата може да се подобро, да продолжи по демократскиот курс, а како резултат на тоа да се надмине политичката криза“, стои во изјавата, на европратениците кои беа медијатори на Договорот од Пржино.