Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривичниот суд неспремен за избори – нема да издава потврди за неосудуваност

Кривичниот суд неспремен за избори – нема да издава потврди за неосудуваност

ВД Претседателот на Основниот суд Скопје 1 во петокот ја известил ДИК дека судот не може да издава потврди и уверенија за неосудуваност на кандидатите, затоа што АКМИС системот од каде се црпат податоците за кривична и казнена евиденција, не работи, пишува „Макфакс“.

Имајќи предвид дека Судот не е во можност да издава потврди од казнената и уверенија од кривичната евиденција за кандидатите за градоначалници и советници родени во Скопје, како и за лицата родени во странство а со живеалиште во Скопје, Државната изборна комисија донела одлука ОИК да не ги отфрла кандидатурите во кои нема уверенија и потврди за казнена и кривична евиденција од Кривичниот суд, се додека не се поправи АКМИС системот.

„Овластените подносители на листите на кандидатите се должни веднаш по добивањето на потврдите и уверенијата од Основниот суд Скопје 1 Скопје, истите да ги достават до соодветните општински изборни комисии. Кога се работи за утврдени неправилности во листите на кандидатите кои не се однесуваат на уверенија и потврди Судот, овластените подносители се должни утврдените неправилности да ги исправат во рокот кој им е даден од општинската изборна комисија“, соопштува ДИК.

Инаку рокот за поднесување на кандидатурите измина на 15 септември, а денеска, најдоцна утре ДИК треба да спроведе жрепка за редоследот на кандидатите на листите за гласање, односно утврдување на единствените листи на кандидати за градоначалници и советници.