Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКривични пријави за осум лица кои продавале фалсификат производи преку Фејсбук

Кривични пријави за осум лица кои продавале фалсификат производи преку Фејсбук

Секторот за внатрешни работи во Струмица одлучи да поднесе четири кривични пријави за вкупно осум лица поради постоење на основи за сторени кривични дела “прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и “повреда на авторско право и сродни права“.

Седум струмичани и еден скопјанец во текот на цела 2014-та и почетокот на 2015-та година вршеле продажба на неоригинална спортска опрема, патики и тренерки од брендовите “Адидас“, “Најк“, “Валентино“, “Армани Џинс“, “Илевен“, “Ла Коста“ и “Пума“ преку социјалната мрежа Фејсбук.

Освен вакви производи, лицата продавале и неоригинални парфеми од брендовите “Пако Рабан“, “Каролина Херера“, “Армани“, “Долче и Габана” и “Булгари“.

Полициските службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавените лица. Одземени се поголема количина спортска опрема и парфеми, компјутери, мобилни телефони, пари, картонска амбалажа од обувки како и документација од испраќани пратки.