Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривична за Зијадин Села за злоупотреба на службена положба

Кривична за Зијадин Села за злоупотреба на службена положба

Струшкиот градоначалник Зијадин Села заедно со уште три лица З.С.(44) од струшкото село Ливада, Р.Х.(48) од Велешта, Ѓ.Д.(50) од Струга и В.Л.А.(60) од Скопје, доби кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ поднесена од СВР Охрид.

zijadin selaСела е осомничен дека спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за градба, во февруари минатата година, издал решение со кое се утврдува правниот статус на три бесправно изградени објекти на име на општина Струга, а на штета на Република Македонија.

Второпријавениот Р.Х. во својство на раководител на секторот за урбанизам при општина Струга, спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, издал урбанистичка согласност за бесправно изграден објект со кое се констатира дека се исполнети условите за издавање на урбанистичка согласност.

Третопријавениот Ѓ.Д. како претседател на Комисијата за легализација на бесправно изградени објекти при Општина Струга, спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти составил записник за легализација на бесправно изграден објект. Четврто пријавениот В.Л.А. во својство на директор на Управата за заштита на културно наследство при Министерството за култура, со акт од октомври 2014 година, издал согласност дека може да биде регулиран правниот статус на објектите при тоа во согласноста не укажал дека може да се промени носителот на сопственост.