Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКривична пријава за градоначалникот на Белград, ја тепал сопругата

Кривична пријава за градоначалникот на Белград, ја тепал сопругата

Градоначалникот на Белград, Синиша Мали, е обвинет за семејно насилство, откако неговата сопруга Марија Мали поднела кривична пријава.

Првото основно обвинителство во Белград потврди дека примило кривична пријава која Марија Мали ја поднела поради семејно насилство.

-Обвинителството прати барање за собирање потребни докази поради проверка на наводите на кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи. По добивањето на доказите, ќе донесеме одлука за понатамошниот тек на постапката, велат од обвинителството.