Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривична пријава за арачиновецот што обвиткан со петарди дојде на „Диво Насеље“

Кривична пријава за арачиновецот што обвиткан со петарди дојде на „Диво Насеље“

СВР Скопје поднесе кривична пријава за загрозување на сигурноста против арачиновецот Е.И.(57), кој на 2 ноември дојде со појас со петарди пред Врховен суд, во текот на изрекувањето на пресудите за случајот „Диво Насеље“.

Тој првин отишол во адвокатска канцеларија во Стара чаршија, каде оставил лист испишани закани, а потоа се упатил кон судот.

Таму бил сопрен од полицијата, која по испитувањето утврдила дека прачките прицврстени на појасот за кои првично се мислело дека се динамит, биле петарди.