Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКоѕиас: Грција не се меша во внатрешните работи на северниот сосед

Коѕиас: Грција не се меша во внатрешните работи на северниот сосед

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас синоќа упати предупредување против оние што размислуваат и сонуваат за дестабилизација на Балканот и за менување на границите, јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

– Грција – и ова, исто така, се однесува на нашиот северен сосед – е цврсто во корист на стабилноста во регионот. Ние сме цврсто во корист на унитарноста на таа земја, ние сме единствените кои дури ни денес не се мешаат во нејзините внатрешни работи и ние ќе го браниме нејзиното постоење – изјави тој.

Според Коѕиас, „сега сме во ера каде има стабилност, која бара стабилност во меѓународните правила и во спроведувањето на меѓународните односи, но пред се, бара голема почит кон границите“.

Извор: plusinfo.mk