Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКоѕиас: Мора да се најде компромис за да се отвори патот на ПЈРМ кон ЕУ и НАТО

Коѕиас: Мора да се најде компромис за да се отвори патот на ПЈРМ кон ЕУ и НАТО

За да се отвори патот на нашиот сосед кон ЕУ и другите организации во кои сака да се приклучи, мора да се најде компромис за спорот за името, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во интервју за весникот „Етнос“.

– Во случајот со ПЈРМ, нашите соседи веруваа дека можат да продолжат со приклучување кон овие организации без договор со нас, нешто што е невозможно, додека некои од нас, пак, веруваа дека инертноста во надворешната политика е наше оружје – наведува Коѕиас.

Тој во интервјуто вели дека Атина и Скопје сфатиле мора да се работи врз основа на консензус и на компромис. На прашање дали сега е моменот за решавањето на спорот, тој вели дека на сите нивни соговорници сега им е јасно дека мора да се најде чесен компромис за прашањето за името.

Новата рунда преговори меѓу Грција и Македонија треба да почне на 11 и 12 декември во Брисел, со посредство на претставникот на ОН, Метју Нимиц.