Tuesday, Nov 19, 2019
HomeДЕНЕШНАПолитикаКонститутивната седница продолжува по 12 пат

Конститутивната седница продолжува по 12 пат

sobranie4-696x437

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи 12-тото продолжение на конститутивната седница на која се расправа за изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

И вчерашното продолжение се одвиваше со процедурални забелешки, реплики и контрареплики. Пратениците дебатираат за тоа за која точка да се расправа. СДСМ бараше да се премине на четвртата точка од дневниот ред, односно за избор на претседател на Собранието, додека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваше со тоа бидејќи според ни тоа е спротивно на Деловникот. Тие инсистираа најпрвин да се исцрпи расправата за изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Согласно договореното, во Комисијата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.

За членови од ВМРО-ДПМНЕ се предложени Илија Димоски, Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.