Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКомисијата за европски прашања ја завршува расправата за Законот за јазиците

Комисијата за европски прашања ја завршува расправата за Законот за јазиците

Во Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска треба да заврши расправата по единствената точка од дневниот ред, Законот за употреба на јазиците, во прво читање, пишува „Мета“.

Во рамките на денешната расправа, која почнува во 12 часот, се најавени завршни обраќања на координаторите на четирите најголеми групи во Собранието, по што ќе се гласа за законот, и потоа, според процедурата, тој оди во друга собраниска комисија.

Вчера, на вториот ден од расправата за законот за јазиците во Комисијата за европски прашања, за одредбите за употребата на албанскиот јазик во Македонија учествуваа Весел Мемеди, Реџаил Исмаили, Владанка Авировиќ, Петре Шилегов, Нола Исмајлоска и Жаклина Пешевска.