Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈавниот обвинител, уставните судии и законот за јазиците денеска пред парламентарците

Јавниот обвинител, уставните судии и законот за јазиците денеска пред парламентарците

Собранието денеска на пленарна седница треба да гласа за именувањето на нов државен јавен обвинител, функција за која Владата го предложи Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители.

Расправата за изменувањето на новиот државен јавен обвинител заврши на 15 декември. За избор на Јовески е потребно просто мнозинство, односно 61 глас.

Покрај оваа точка, на дневен ред на оваа седница се и измените на Законот за Судскиот совет, измените на Законот за заштита на сведоци што ги бараше СЈО и законот за укинување на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, предложени по скратена постапка.

По оваа, Собранието ќе ја почне 27. седница, на која пратениците, според најавениот дневен ред, треба да расправаат за именување на двајца судии во Уставниот суд, за разрешување и за именување на член на Регулаторната комисија за енергетика, а последна, односно 35. точка на оваа седница е Законот за употреба на јазиците во второ читање.

За нови членови на Уставниот суд се предложени, универзитетскиот професор Осман Кадриу и Дарко Костадиновски, советник за надворешна политика во кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов.

Кадриу и Костадиновски се предложени од Иванов, а треба да седна на местата на Наташа Габер – Дамјановоска и Гзиме Старова, чиј деветгодишен мандат како членови на Уставниот суд истече на почетокот на октомври, оваа година.