Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжува комисиската расправа за законот за јазиците

Продолжува комисиската расправа за законот за јазиците

Членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска ја продолжуваат амандманската расправа за предлог-законот за употреба на јазиците.

Претседателот на комисијата Артан Груби вчера прво најави дека за амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе се расправа на 25 декември, кога ќе биде третиот и последен ден за расправа по амандманите.

Но, подоцна, излезе со соопштение дека, сепак, третиот ден од амандманската расправа ќе се одржи денеска.

На вчерашното продолжение министерот за правда Билен Саљији одби еден од амандманите на БЕСА.

Седницата на комисијата беше прекината откако претседателот на комисијата Груби не им даде можност за процедурална забелешка на пратениците од БЕСА по одбивање на амандманот.