Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕким„Кока Кола“ ја намали емисијата на јаглерод диоксид

„Кока Кола“ ја намали емисијата на јаглерод диоксид

Компанијата „Кока Кола“ соошти дека во минатата година за 11.7 отсто ја намалила директната емисија на јаглерод диоксид во однос на 2014 година. Како што се наведува, односот на употреба на енергија е подобрен за 7.2 отсто во однос на минатата година, додека во 2015 година 19.4 отсто повеќе биле употребувани рециклирани ПЕТ амбалажи отколку една година порано.

Оваа компанија беше прогласена за лидер во секторот на пијалоци врз основа на резултатите од проценките по индексот на одржливост на фирмата „Дау Џонс“. Компанијата вложила 8.2 милиони евра, за подобрување на животот во заедницата во 2015 година, со фокус за активен начин на живот, управувањето со екологијата и водата и развој на младите, во партнерството во повеќе од 230 организации.