Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЛегендарното шишенце на Кока Кола слави 100 години

Легендарното шишенце на Кока Кола слави 100 години

Најпознатиот неалкохолен пијалок денес е доминантен на пазарот и речиси сите го препознаваат овој бренд, но самиот дизајн на шишенцето кој датира од пред точно 100 години е добиен сосема случајно. Кока Кола која постои од 1886 година и е создадена по формулата на фармацевтот Џон Стир Пембертот на почетокот на 20-от век имала огромен проблем со нелојалната конкуренција која го копирала нивниот дизајн и пијалок и биле распишан оглас за ново шишенце.

На задачата одговорил петчлен тим од Root Glass компанијата од Тера Хота чија идеја за дизајнот дошла од стебленцето на какаото (Cocoa) што многу асоцира на самото име на Coca-Cola иако во самиот рецепт воошто нема присуство на ова растение. Дизајнот на шишенцото има иделна вдлабнатина за држење во рака и веднаш станало препознатливо за купувачите со што конкуренцијата е прегазана.

Инаку првиот рецепт на Кока Кола содржел и кокаин кој подоцна е отстранет. Бонус за идеалниот дизајн на шишенцото на Кока Кола имате и во македонскиот филм Балкан-кан во исто така легендарна сцена.