Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет„Coca Cola“ го прекина производството во Венецуела

„Coca Cola“ го прекина производството во Венецуела

Поради недостигот на шеќер во социјалистичка Венецуела престанува производството на Coca-Cola. Државата се соочува со тешка економска криза, со највисока инфлација во светот и недостиг на основни продукти.

„Производителите на шеќер во Венецуела не информираа дека треба да прекинат привремено со производството поради недостиг на суровини“, информира портпаролот на Coca-Cola Кери Треслер. Тоа ќе влијае на производството на содржаниот шеќерен пијалок во наредните денови.

Производството на други пијалоци, како минералната вода и Coca-Cola Light, нема да бидат под влијание. Компанијата е во врска со производители на шеќер и властите и ги „презема потребните мерки за решавање на ситуацијата“. Во земјата со најголемите нафтени резерви во светот кафеавиот безалкохолно газиран пијалок е многу популарна и во последно време можеше да се купи полесно отколку минералната вода, која исто така се претвори во дефицитарен производ.

Претходно и најголемиот локален производител на пиво Polar го прекина производството на производот бидејќи не можеше да увезува јачменов слад од странство. Земјата се соочува со акутен недостиг на лекови, делумно во болниците недостасува и кислород за пациентите.