Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКој ќе ги испрашува пратениците кои ги „пречекаа“ демонстрантите?

Кој ќе ги испрашува пратениците кои ги „пречекаа“ демонстрантите?

Истражните органи се уште не ги повикале пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василески и Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ кои на повеќе снимки се гледа како ги пречекуваат демонстрантите и ги повикуваат да влезат. Повеќе медиуми тврдат дека токму пратеникот Сашо Василевск е забележан на видео надзорот како ги отвара вратите заштитени со метални препреки.

Василевски веќе неколку дена е недостапен за новинарите, а не е виден ниту во неговиот партиски штаб.

Откако ќе се затворат собраниските врати од надвор речиси е невозможно да бидат отворени, велат припадници на обезбедувањето на законодавниот дом. Доколку некој од внатре не интервенираше, тогаш демонстрантите немаше да влезат.

Извор: tv21.mk