Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКлоп снимен со братот на Игуаин

Клоп снимен со братот на Игуаин

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп е снимен во друштво со братот и агентот на напашачот на италијанскиот Наполи Гонзало Игуаин. Игуаин, стрелецот на 36 погодоци на 35 натпревари во Серија А минатата сезона, моментално настапува за Аргентина на Копа Америка во САД. Клоп во понеделникот ја следеше победата на „Гаучосите“ над бранителот на титулата Чиле на стадионот „Левис“ во Санта Клара во Калифорнија.

Во ложата покрај Николас Игуаин, кој е брат и застапник на одличниот напаѓач, се наоѓал токму тренерот на Ливерпул Јирген Клоп, па англиските медиуми сметаат дека станува збор за преговори за негово доаѓање во Англија. Одредени медиуми тврдат дека Наполи веќе го договорил трансферот, а добиените пари од трансферот планира да ги инвестира во везистот на Порто Хектор Ерера.

Игуаин помина седум сезони во дресот на Реал Мадрид и постигна 121 погодоци за великанот од „Сантијао Бернабеу“, а Ливерпул за трансфер на овој фудбалер сигурно ќе мора да исплати сума од најмалку 60 милиони евра.

Клоп