Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМенаџерот на Мохамед Салах го потврди трансферот!

Менаџерот на Мохамед Салах го потврди трансферот!

Менаџерот на фудбалерот на Рома, Мохамед Салах , денес објави дека трансферот на неговиот клиент е коплетиран и дека тој за 40 милиони евра ќе се пресели во редовите на Ливерпул.

 

Screenshot_6

 

Мохамед Салах е роден во 1992 година и е стандарден репрезентативец на Египет. Тој ја започна својата кариера во тимот Арап Контракторс, а во Европа заминува во 2012 година во екипата на Базел, кој на 79 натпревари постигна 20 голови и 17 асистенции, потоа следуваа Челзи, Фиорентина и Рома.

За Рома оваа година одигра 41 натпревари постигнувајќи 19 гола со 15 асистенции, а од неговото доаѓање 83 натпревари, 38 гола и 27 асистенции. За Репрезентацијата одигра 52 натпревари и постигна 29 гола.