Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКлинтон ги доби делегатите, Сендерс ќе ја руши на конвенција

Клинтон ги доби делегатите, Сендерс ќе ја руши на конвенција

Хилари Клинтон по пресметките на гласовите во Порто Рико успеа да ја одржи предноста пред прогресивниот соперник Берни Сендерс и ги доби неопходните делегати со што го надмина предвидениот праг за добивање на номинацијата.

Сепак, Сендерс се подготвува за „пуч“ на партиската конвенција во јули доколку успее да победи на последните избори во Калифорнија, најголемата сојузна држава во САД каде може да зграби и највеќе делегати.

hilari clinton_human_rights

Но, кампањата до таму е во полза на Хилари бидејќи медиумите веќе ја прогласија за првата жена кандидат на Демократската партија за претседател на САД и големи се шансите да ги освои и последните преелиминарни избори пред да се соочи со Доналд Трамп на генералните избори во ноември.