Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИсклучените делегати од Конгресот се функционери во МВР и МНР, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Исклучените делегати од Конгресот се функционери во МВР и МНР, тврди ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека 16 делегати биле исклучени од конгресот и дека за оваа одлука тие претходно биле консултирани и од нив била добиена согласност. „Во врска со шпекулациите дека неправедно се исклучени 16 делегати од конгресот, ја информираме јавноста дека едно лице е исклучено заради тоа што е починато. Останатите заради тоа што се вработени или функционери во МНР, МВР или регулаторни тела каде со закон е забрането да членуваат во партиски тела“, се вели во соопштението на опозициската партија.

Конгресот заедно со делегатите е највисокото партиско тело на партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдеат дека за сите овие разрешувања е разговарано со секој поединечно и е добиена согласност од него, за најголем дел и писмена оставка.

„Доколку ова не се преземеше дел од овие лица ќе останеа без работа или ќе беа разрешени од функциите“, се додава во соопштението.