Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКедев сменет од директорската функција – прв кардиолог станува Поцеста

Кедев сменет од директорската функција – прв кардиолог станува Поцеста

И покрај шпекулациите во јавноста дека на Клиниката за кардиологија нема да има промена на директорската позиција,, сепак на местото на досегашниот директор, Сашко Кедев доаѓа Д-р. Беким Поцеста, јавува „А1он“.

Промени има и во Клиника за нефрологија каде за нов раководител е поставена Д-р Ирена Бушлетиќ. Нов директор на

Универзитетска клиника за токсикологија е Д-р Нико Беќаровски, а смена има и во очната клиника каде за нов директор е поставен Д-р. Беким Татеши.

Претходно смена на директорските позиции имаше и на Клиниките за Дигестивна хирургија, онкологија и неврохирургија.