Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЌе врие на Филип Втори – Посебен режим на сообраќај

Ќе врие на Филип Втори – Посебен режим на сообраќај

Утре на арената Филип Втори ќе се одигра реванш натпреварот меѓу Вардар и АПОЕЛ, па од МВР ги објавија деталите за регулирање на сообраќајот, па затоа внимавајте на вашето движење со автомобил во близина на стадионот и во градскиот парк.

fk vardar

Натпреварот со почеток од 20 часот ќе го следат повеќе од 10 илјади фанови и блокирањето на крстосницата на улиците “Аминта III“-“Јордан Хаџикостантинов-Џинот“ кон фудбалскиот стадион ќе започне во 17,00 часот, а ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Во периодот по 18,30 часот, во зависност од интензитетот на сообраќајот, ќе се ограничи приодот со возила од булеварот “Илинден“ кон стадионот, односно на крстосниците вдолж бул.“Илинден“ ќе се врши селективно пропуштање на возила кон стадионот. Во попладневните часови ќе се превземаат мерки за расчистување на сообраќајниците и паркинг просторите околу стадионот како и дислоцирање на затекнатите возила.

Најголемата навивачка група на Комити ќе тргне кон стадионот од соборниот храм и ќе се движи по булеварот Св.Климент Охридски. Од МВР апелираат да се почитуваат препораките и да ги паркираат возилата на дозволените паркинзи.