Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЌе се „удрат“ темели на Голема Албанија во Приштина

Ќе се „удрат“ темели на Голема Албанија во Приштина

Грчките медиуми откриваат дека во Приштина се подготвува поставување на темели за Голема Албанија од повеќе националистички организации кои ќе престават меморандум за обединување на Албанците во една држава, а по тоа треба да следи и организација на референдум.

Лидерите на Листата за природна Албанија, Кочо Данај и на Движењето за Обединета Албанија, Тахир Велиу, соопштиле дека на 16 јули во Приштина ќе потпишат Мемерандум за соработка, чија цел е остравување на сонот за Голема Албанија во која ќе влезат и делови од Македонија, Грција, Србија и Црна Гора покрај Косово и Албанија.