Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПропадна референдумот за рудниците во Ново Село

Пропадна референдумот за рудниците во Ново Село

Референдумот против отворањето рудници во општина Ново Село е неуспешен, бидејќи на гласачките места не излегоа потребните 50 отсто плус еден од вкупниот број граѓани на општината со право на глас.

Причина за неисполнувањето на цензусот, како што пренесуваат медиумите, е тоа што речиси половина од жителите на општината се во странство.

Според „Телевизија 24“, речиси сите жители на Ново Село кои денеска излегле на референдумот гласале против отворањето на рудникот за злато Иловица. Тие сметаат дека со отворањето на рудникот ќе се уништи земјоделството од кое егзистираат безмалку сите жители на општината.

По Валандово и Босилово, ова е трет референдумот за рудниците кој е неуспешен поради неизлезност.