Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЌе се формира ли трет албански политички блок

Ќе се формира ли трет албански политички блок

Двопартизмот се чини дека е неизбежен и кај етничките Албанци во Македонија кои главниот избор го имаат меѓу ДУИ, ДПА и многу други мали партии. Сега, пред одржувањето на парламентарните избори на 11 декември повторно се враќа идејата за окрупнување на опизицискиот албански блок со повеќе субјекти во кој ќе влезат Движењето за реформи на ДПА предводено од Зијадин Села и НДП на Руфи Османи како независна но, веќе заборавена партија.

Тие ќе ја формираат Албанска алијанса со која заеднички треба да настапат на изборите и посакуваат и други партии и организации да им се приклучат. БЕСА има потенцијал за привлекување повеќе гласови, потоа е новата партија УНИТЕТИ на Гзим Острени и ПДП.