Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЌе се дозволи „убиство од милосрдие“ во Србија

Ќе се дозволи „убиство од милосрдие“ во Србија

Убиството од милосрдие досега се сметаше за кривично дело во Србија, а сега со новиот Граѓански кодекс се предвидува и дава предност на „правото на физичко лице за доброволно и достоинствено прекратување на животот“. Ова би значело можна легализација на евтаназија во два случаи, исклучителен кога е неопходно или со согласнот од пациентот и неговите најблиски роднини.

Во предлогот се наведува дека условите и постапката за остварување на правото на евтаназија ќе бидат регулирани со посебен закон, како и дека злоупотребата на оваа можност за остварување на материјална или друга корист ќе биде основа за кривична одговорност. Ако се одобри кодексот кој е ставен на јавна расправа до месец јуни годинава, Србија ќе им се приклучи на Белгија, Холандија, Франција, Луксембург, Швајцарија, Норвешка, Данска, Германија и Австрија во легализирањето на евтаназијата.