Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЌе се бара техничка влада и во Црна Гора, Ѓукановиќ чека доверба

Ќе се бара техничка влада и во Црна Гора, Ѓукановиќ чека доверба

Мило Ѓукановиќ, актуелниот премиер на Црна Гора, денес ќе го добие одговорот од парламентот дали ќе му биде изгласана доверба или пак ќе мора да го врати мандатот и да распише нови избори на кои ќе ја предводи својата Демократска партија на социјалистите. Главниот проблем за Мило Ѓукановиќ е лабавата коалиција со СДП која има само 5 пратеници, но може да биде пресудна во гласањето бидејќи го одржува мнозинството од 41 пратеник.
crna gora protestiИсто така опозициските партии предводени од „Демократски фронт“ веќе протестираат пред парламентот и бараат формирање на техничка влада која ќе може да организира фер и регуларни избори. ДСП на Ѓукановиќ води на анкетите и може повторно да победи со 45 отсто од гласовите.