Казни за велосипедистите кои не носат кацига
50 евра казна за секој што ќе вози велосипед без кацига, односно заштитен елек. Новиот закон за безбедност во сообраќајот предвува казни и за велосипедистите. Навечер и во услови на намалена видливост, задолжителен ќе биде и рефректирачки елек.
– Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот, стои во текстот на Законот.