Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКазна од 3,5 години затвор за амбасадорот Перо Стојановски

Казна од 3,5 години затвор за амбасадорот Перо Стојановски

По кривична пријава поднесена од Министерството за надворешни работи, најскандалозниот амбасадор на Македонија и поранешен министер за образование Перо Стојановски доби затворска казна во времетраење од 3,5 години поради злоупотреба на службената положба и овластувања и проневера на пари.

Амбасадорувањето на Перо Стојановски беше проследено со безброј скандали: љубовни неверства, насилни влегувања во куќи, секакви долгови низ Австралија, па и продавање приказни дека е болен од рак така што парите што си ги позајмил од амбасадата и во име на амбасадата наводно ги користел за лечења и операции. Турбулентата сага реши да ја разоткрие неговата сопруга, Лидија Думбалоска, а австралискиот суд не го принуди да признае дека не е болен и дека парите ги трошел на шетања низ луксузните острови во Индонезија.

На почетокот, МНР ги прикриваше скандалите, но кога тоа стана невозможно, го повлече Стојановски од функцијата и без да знае јавноста, му покрена кривична пријава. Сепак, до денес официјално нема никакви информации колку Перо Стојановски ја оштети амбасадата во Канбера и колку од тие финансиски опашки се надоместени од џебот на државата.

Извор: Утрински весник