Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПломп оптимист – се гледа крајот на кризата во Македонија

Пломп оптимист – се гледа крајот на кризата во Македонија

Холандскиот амбасадор во Скопје, Ваутер Пломп е убеден дека на политичката криза во Македонија ѝ доаѓа крајот. Според него, изборот на новиот претседател на Собранието, кој беше поддржан од Вашингтон и Брисел е позитивен чекор кон решение на кризата. Пломп истакна дека Македонија сега треба да биде фокусирана кон европската агенда.

„Треба да се зачува перспективата за Македонија да стане членка. Холандија е голем поддржувач на тоа, но најважно е дека на политичката криза ѝ дојде крајот. Постизборниот период не беше лесен, а ескалираше со настаните во Собранието. Сега со изборот на претседателот на Собранието кој го поддржуваат САД и ЕУ дојде до позитивен развој на состојбите и време е да се фокусирате кон европската агенда“ – истакна амбасадорот Пломп.