Sunday, May 28, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаКатица Јанева му испратила обвинители на битолскиот градоначалник!

Катица Јанева му испратила обвинители на битолскиот градоначалник!

katica janeva zakletva

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева деновиве испратила обвинители од својот тим лично да ја истржуваат „бомбата“ поврзана со бесплатниот школски превоз во општина Битола, дознава Мета.

Според изворите на Мета, обвинителите на Јанева од неколку училишта во Битола побарале документи, списоци и фактури колку ученици користеле бесплатен школски превоз во учебните 2009-2010 и 2010-2011 година. Нив ги интересирале бројот на ученици, километражата и цените на услугите.

Ова го потврдил и директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“, Драган Стојановиќ, кој рекол дека неколку обвинители од Специјалното обвинителство вчера го посетиле училиштето и собирале докази за бесплатниот школски превоз.