Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисКАРЛОВИЌ-НОВ КРАЛ НА АСОВИТЕ

КАРЛОВИЌ-НОВ КРАЛ НА АСОВИТЕ

Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ извојува победа над Томас Бердих во четвртфиналето на турнирот во Хале и притоа се запиша во страниците на тениската историја.ivo k

Тој успеа да освои дури 45 асови и со тоа постави нов рекорд на мечевите од три сета.

Претходно го делеше со овој рекорд со Австралијанецот Марк Филипусис, кој имаше 44 аса на турнир во Куала Лумпур во 1995 година. Карловиќ имаше исти бројки на турнирот во Загреб во февруари минатата година.

„Секогаш сакам кога сум најдобар во нешто, а ако се тоа асовите,  тогаш сум среќен поради тоа“,изјави 36-годишниот Хрват.