Friday, May 3, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКанадски пејач на кој му беше дијагностициран тумор одржа емотивен последен концерт (ВИДЕО)

Канадски пејач на кој му беше дијагностициран тумор одржа емотивен последен концерт (ВИДЕО)

Блуз-рок групата „Tragically Hip“ го одржа својот последен концерт во оригинална постава, бидејќи пејачот на популарниот бенд, Гордон Дауни, му беше дијагностициран тумор на мозокот во терминална фаза. Концертот одржан во Кингстон, град од чие потекло е и оваа група, беше исклучително емотивен, а целата организација и пренос ја организираше телевизијата Си-Би-Ес.

Публиката буквално не можела да се оддели од Гордон, не дозволувајќи му да ја напушти бината, па тој заедно со останатите членови од бендот три пати се враќале на бис, за потоа повторно да излезат на сцената и да се прегрнуваат со обожавателите и да им се заблагодарат на долгогодишната поддршка.

Колку „Tragically Hip“ се популарни во својата земја, но и пошироко, сведочи и присуството на кандаскиот премиер Џастин Трудо, кој изјавил дека овој бенд е национално богатство и дека неговите членови ја испишувале историјата на канадската музика.

Gordon

На пејачот на групата Гордон Дауни во мај му беше дијагностициран тумор на мозокот, кои за жал, не може да се оперира, а оваа вест ги шокираше жителите на Канада.